Економија, финансии, бизнис

Контакт

Град Скопје ќе додели 400.000 денари за бизнис инкубатори и фондации за иновации

Град Скопје ќе додели 400.000 денари за бизнис инкубатори и фондации за иновации

Град Скопје, со цел имплементација на целите и активностите предвидени со Програмата за поддршка на локалниот економски развој на Град Скопје за 2017 година, објави јавен повик за распределба на средствата од Буџетот на Град Скопје за 2017 година, наменети за кофинансирање на трошоците на бизнис инкубаторите и центрите за развој на иновации.

Предмет на јавниот повик е кофинансирање на трошоците на бизнис инкубаторите и центрите за развој на иновации, односно финансиска поддршка на проекти за организирање обуки и консултантски услуги

За кофинансирање на трошоците за проекти на бизнис инкубаторите и центрите за развој на иновации, предвидени се средства во вкупен износ од 400.000 денари.

Право на учество на повикот имаат здруженија на граѓани и фондации кои се регистрирани според Законот за здруженија и фондации  за цели поврзани со политиките  за поддршка и развој на претприемништвото, конкурентноста и иновативноста на малите и на средните претпријатија.

Секој подносител може да учествува на јавниот повик само со еден проект.

Обрасците Пријава и Проект за пријавување на јавниот повик, подносителите можат да ги подигнат на интернет страницата на Град Скопје www.skopje.gov.mk, а комплетната документација да ја достават до архивата на Град Скопје.


Слично

Поврзани вести