Економија, финансии, бизнис

Контакт

Град Скопје ќе потроши 260 илјади евра уредување на коритото на Вардар

Град Скопје ќе потроши  260 илјади евра уредување на коритото на Вардар

За уредување на 400 метри од речното корито на Вардар, Град Скопје ќе потроши 260 000 евра.

Станува збор за делот од Камениот мост до Министерството за надворешни работи.

„Град Скопје објави јавен повик за реконструкциjа на левиот партер на мињор и мајор коритото на левата страна на реката Вардар. Со проектот предвидено е реконструирање на површините меѓу Камениот мост и мостот кај МНР. Со реконструкцијата ќе биде уреден заштитниот бедем, патеките и ќе биде уреден просторот. Покрај уредувањето предвидено е и поставување на нова урбана опрема“, информираат од таму.

На овај простор, во последниве години се издигнаа пет градби и два нови моста.

Слично

Поврзани вести