Град Скопје ја превзеде „Дрисла“, ФЦЛ Амбиенте не е повеќе сопственик
Град Скопје ја превзеде депонијата „Дрисла“ од италијанскиот оператор ФЦЛ Амбиенте. Денеска Централниот регистар објави дека Град Скопје влегува со влог од 2.500 евра. Доменико Ферацоли повеќе не е управител на санитарната депонија, а исто така ниту Горан Ангелов, кој останува овластено лице како директор.
- По една година напорна работа успеавме да ја превземеме Дрисла, со ова решение завршува деветгодишната авантура на ВМРО-ДПМНЕ која ја даде депонијата на несоодветен оператор. Ќе биде назначен наскоро нов Управен и Надзоерн одбор По завршувањето на постапката ќе ги повикам сите поединци и здруженија да помогнеме да се направи анализа на досешното работење. Неповратно загубивме девет години. Прва грижа ќе биде да стане прва вистинска санитарна депонија и нејзиниот економски потенцијал да биде во служба на граѓаните, рече денеска градоначалникот Петре Шилегов.
Град Скопје две години имаше административни проблеми во превземањето на депонијата „Дрисла“, а Шилегов постојано го критикуваше нејзиното неодговорно работење.
