Град Скопје го распиша тендерот за Бас рапид транзит системот
Град Скопје го распиша тендерот преку кој ќе се бара оператор што ќе го изгради Бас рапид транзит системот со кредитот од ЕБОР, а со кој треба да се намали сообраќајниот метеж во главниот град.
Градоначалникот Петре Шилегов овој систем го најави како темелна промена, а изведувачот ќе се знае до јуни следната година кога треба да започне изградбата на овој систем.
- Ова е проект креиран од најреномирани експерти од Скопје, Битола, Белград, Лондон и Брисел. Автобуси ќе минуваат на секои 3 до 4 минути на посебна, независна и непречена траса. Ќе работат на хибриден погон на гас и електрична енергија. рече Шилегов, кој додаде дека билетот би чинел колку сегашната цена на јавен превоз или помалку.
Тој додаде дека овој „зелен проект“ ќе има две линии: Ѓорче Петров - Ново Лисиче и од Бутел до Кисела Вода, а времето на патување да се преполови
