Економија, финансии, бизнис

Контакт

Град Скопје ги изготви решенијата за присилна наплата за данок на имот

Град Скопје ги изготви решенијата за присилна наплата за данок на имот

Град Скопје ги предупредува граѓаните дека ќе следуваат блокада на сметките на граѓаните, фирмите и другите субјекти кои не го исплатиле заостанатиот годишен данок на имот.

Градската управа информира дека е започната постапката за присилна наплата на неплатените обврски по основ на годишниот данок на имот и комунална такса за фирмарина за 2018 годинa, со доставување опомени.

Од таму известуваат дека решенија за присилна наплата се изготвени и нивно доставување до сите правни и физички лица коишто вршат дејност на територијата на град Скопје.

„Доколку по ваквите решенија обврзниците не постапат заклучно со 15.11.2019 година, Град Скопје ќе започне со доставување решенија за блокада на нивните сметки по банки.

Ви укажуваме дека сите даночни и таксени обврзници кои по горенаведените основи имаат заостанати и неплатени долгови, потребно е да ги подмират своите обврски“, соопштуваат од Скопје.


Слично

Поврзани вести