Економија, финансии, бизнис

Контакт

Град Охрид се надева дека Субрата Рој ќе инвестира, а Сахара Груп под истрага за перење пари!

Град Охрид се надева дека Субрата Рој ќе инвестира, а Сахара Груп под истрага за перење пари!
Град Охрид се уште се надева дека Субрата Рој ќе инвестира во Љубаниште.
До нас сеуште не е стигната информација дека прекинуваат инвестициите така што ние како и за секој друг инвеститор сме исто отворени и подготвени за инвестициите на Субрата Рој, изјави пред неколку дена секретарот на општина Охрид Димитар Спасески.
Според Спасески локалната самоуправа би имала корист доколку се случат инвестициите.
Не би изгубиле ништо и доколку не се случат тие инвестиции. Апсолутно сме отворени за сите странски инвеститори вклучително и за Субрата Рој и она што ќе биде побарано од нас како локална самоуправа да го испорачаме, вели Спасески.
Од друга страна од советниците на СДСМ во Охрид велат дека Свети Наум не е место за онакви инвестиции. Тоа е еден божествен рај каде што треба да има поинаква концепција за развој на туризмот и поинакво привлекување на инвестиции, а не да се градат казина, изјави координаторот Јован Стојаноски. Сахара Индија Паривар, компанијата на индискиот бизнисмен Субрата Рој, пред неколку дена соопшти дека е во напредна фаза од спроведувањето на своите бизнис планови во Македонија и оти „не постои ни најмал сомнеж за повлекување од кој било од овие проекти“, но не го спомнаа проектот во Љубаниште.

„Подготовките за споменикот на Мајка Тереза како и Домот Мајка Тереза во Општина Илинден се веќе комплетирани. Додека пак целосното реновирање на познатиот хотел Славија во Охрид ќе започне после новогодишните празници. Проектите ќе бидат спроведени од тим на врвни изведувачи од Македонија“, стои во соопштението испратено од централата на компанијата во Лакноу.

Најнова вест: САХАРА ГРУП ПОД ИСТРАГА ЗА ПЕРЕЊЕ ПАРИ!

Слично

Поврзани вести