Економија, финансии, бизнис

Контакт

Град од Балканот цели 25 години има негативен природен прираст

Град од Балканот цели 25 години има негативен природен прираст

Цели две и пол децении српската престолнина има негативен природен прираст. 

За 25 години Белград има за  70.154 жители помалку, односно колку и населбата Обреновац, пишуваат српските медиуми.

Податоците на табелата на Секретаријатот за управа – Сектор за статистика покажуваат дека поголемиот број жители на Белград е резултат на миграција на населението од други места во главниот град, а не на „бејби-бум“.

Во 1991 година во градот имало позитивен природен прираст. 

Од САНУ веќе алармираа дека 1.200 села во Србија ќе исчезнат поради иселување. 

Тоа значи дека Србија ќе изгуби територија која е поголема од Косово. 

„Црна прогноза“ ЦИА има направено за Србија, каде се предвидува дека ќе има дури 32,2%  помалку население до 2050 година. 

Слично

Поврзани вести