Грабеж во просториите на Ракометната федерација на Македонија
Во ек на финалните подготовки пред заминување во Краков, просториите на Ракометарната федерација на Македонија, денеска беа обиени и ограбени.
Од федерацијата информираат дека засега се знае дека недостасуваат неколку лап-топ компјутери со обемни бази на податоци од техничко-стратешки карактер, а поврзани со претстојниот настап на националниот тим на ЕП во Полска. Исто така украдени се пехари и медалји.
Одземен е и дел од опремата, со која репрезентацијата требаше да патува и да настапува во Полска, а со тоа е нарушена фактичката логистичка состојба, информираат од РФМ.
Раководството веднаш го пријавило случајот, а полицијата направила увид, по што ќе преземе мерки за пронаоѓање на сторителите.
Слично
