ГРАБЕЖ ВО БУГАРИЈА:Од пошта украдени 900.000 евра
Во градот Хасково, јужна Бугарија вчера е извршена кражба во централната пошта и беа одземени 900.000 евра.
Ова е рекорден грабеж во историјата на Бугарија. Парите биле наменети за исплата на пензии, а сумата била осигурна, па поради тоа пензионерите нема да бидат оштетени.
Крадците ги отвориле сите три метални каси користејќи најразлични алати, а за да ги прикријат доказите, на подот расфрлале парчиња од коса кои најверојатно ги земале од некој фризерски салон, информира бугарската полиција.
Веќе има осомничени за грабежот во Хасково. За обезбедувањето на Централната пошта во Хасково одговараат неколку приватни фирми, а за лошата организација за чување на огромните суми пари веќе имало сигнали од реонскиот полициски инспектор.
