Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грабар-Китаровиќ : Сѐ додека има надеж ќе трагаме по Салопек

Грабар-Китаровиќ : Сѐ додека има надеж ќе трагаме по Салопек

По вчерашните информации низ медиумите, дека џихадистите го обезглавија Хрватот Томислав Салопек, хрватската претседателка Колинда  Грабар-Китаровиќ, рече тие ќе продолжат да го бараат сѐ додека постои малку надеж.

„Во овие моменти на длабока неизвесност би сакала да изразам сочуство кон семејството на господинот Салопек, неговата сопруга Наташа, нивните две деца, родителите и пријателите, поради оваа тешка состојба и длабока неизвесност во која се наоѓаат сите тие и ние. Меѓутоа, сакам цврсто да порачам дека додека постои и најмала надеж, еден промил шанса дека Томислав е жив, ние ќе продолжиме да работиме, ќе ја продолжиме потрагата за него и спасувањето на неговиот живот“, изјавила Грабар-Китаровиќ на вонредна прес конференција во Сплит.

Т аа им изрази благодарност и на сите што биле ангажирани во потрагата.

Инаку, светските медиуми вчера пренесуваа дека припадниците на Исламската Држава вчера го егзекутирала хрватот.

Томислав Салопек работеше за француската компанија беше киднапиран во Каиро на 22 јули, во близина на неговото работно место

Слично

Поврзани вести