Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грабар-Китаровиќ под лупа за злоупотреба на службената положба

Грабар-Китаровиќ под лупа за злоупотреба на службената положба

Хрватската Комисија за утврдување на конфликт на интереси започна истрага против претседателката Колинда Грабар-Китаровиќ поради сомневањата за злоупотреба на службената положба.

Комисијата се сомнева дека Грабар-Китаровиќ префрлила непотрошен износ од својата предизборна кампања за претседател на сметка на нејзината партија Хрватска демократска заедница (ХДЗ).

Средствата за кампањата се добиени од државниот буџет.

Со оваа постапка според комисијата Грабар-Китаровиќ го прекршила принципот на неутралност и непристрасност на државниот глава.

Покрај тоа, се смета дека претседателката давала инструкции на ХДЗ на кого и колку од тие пари да бидат обезбедени, што „остава впечаток на поврзување на државниот врв со една политичка партија“, дополнуваат од комисијата.

Според хрватскиот весник „Нови лист“ станува збор за сума од 1 167 573 куни или 15 573 евра.

Коментирајќи  ја истрагата, Грабар-Китаровиќ, изјави дека работата на комисијата е да ги разгледува можните случаи на конфликт на интереси и истрагите за злоупотреба на службената положба не се во нејзина надлежност.

„Со оваа одлука комисијата ги надмина своите права и влегува во сферата на политичка арбитража“, се вели во соопштението од Кабинетот на претседателката на Хрватска.

Слично

Поврзани вести