Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГОВЕДСКО НА СКАРА, САРМА, ТЕЛЕШКИ СТЕК ВО ЧАЈ: Како ги нахрани Црна Гора европските лидери?

ГОВЕДСКО НА СКАРА, САРМА, ТЕЛЕШКИ СТЕК ВО ЧАЈ: Како ги нахрани Црна Гора европските лидери?

Црна Гора ден пред Самитот ЕУ-Западен Балкан ги пречека високите функционери на ЕУ;,претседателите и премиерите.

Според информациите до кои дојде Форбс Црна Гора, моќниците беа пречекани на луксузна вечера во ресторанот „Форца Кук“ на Ловќен, со внимателно подготвена програма која што ги комбинираше луксузот и цврногорската гастрономска традиција. 

 Функционерите, гости на најважниот меѓународен собир во Црна Гора,  уживаа во спектакуларниот поглед на Бока Которска, во подножјето на Ловќен, уживајќи во храна специјално подготвена за нив од тројца готвачи на ресторанот „Форца Кук“. За музичкиот дел од вечерта беше задолжен Фестивалскиот оркестар на Црна Гора, кој изведе репертоар инспириран од медитеранското и црногорското музичко наследство.

Менито кое што им беше сервирано се состеше од:

* Овесна каша

* Говедско месо на скара

* Црногорска сарма

* Телешки стек во чај од врес

* Палачинки со сливи во чорба од ракија.

Заедно со храната, високите гости дегустираа престижни вина од црногорското поднебје.

Форбс Црна Гора

Слично

Поврзани вести