ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ЗА СИТЕ ВМРО-вци: Чиј кадар била Ременски?
Фросина Ременски во минатото била член на ВМРО ДПМНЕ, објави порталот Прес 24.
Според информациите на порталот, таа се зачленила во ВМРО ДПМНЕ во 1999 година, но според изворите на порталот немала поголем потенција ниту капацитет за посериозни обврски. Тие коментираат и дека заради тоа немала некоја перспектива во партијата, пишува Прес24.
Ваквите писанија ги споделија повеќе медиуми.
Сепак, набрзо потоа со свој став се јави новиот министер за труд и социјална политика Фросина Ременски, која рече дека им се заблагодарува на нејзините загрижени, наводни „сопартијци“ од Крива Паланка.
„Од денешна перспектива овој лист хартија кој не е потпишан од мене како полнолетен граѓанин на РМ, зборува за очајот во кои неуспешните на ним својствен начин се надеваат дека ќе фрлат сенка на успешните. Можете да кажете што сакате и колку сакате, за таквите како вас сум Гоце Делчев!“, пишува Ременски.
СДСМ исто така демантираше дека Потпретседателката Фросина Ременски била член на ВМРО-ДПМНЕ и велат дека никогаш лично нема потпишано пристапница во оваа партија.

Слично