ГОТОВИ СЕ: Подигање електронски здравствени картички од понеделник!
Фондот за здравствено осигурување ги информира лицата кои сеуште не ги подигнале своите електронски здравствени картички дека тоа може да го направат од понеделник во подрачните служби на Фондот во местото каде што го поднеле барањето.
Оттаму информираа дека се дистрибуриани 106.541 електронски здравствени картички до сите подрачни служби.
Она што посебно го истакнуваат од Фондот е дека активацијата на новата картиичка се прави веднаш при предавањето на ЕЗК на осигуреникот во Фондот или кај матичниот лекар а при првата употреба на картичката е битно тоа што осигуреникот внесува пин за натамошно користење и заштита на картичката.
Слично
