Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гостиварски средношколци се затруле со гас!

Гостиварски средношколци се затруле со гас!
Со непознат гас се затруле десетина ученици и професори од Средното економско училиште во Гостивар. Тие попладнево биле префрлени на Клиниката за токсикологија во Скопје. Според првичните информации, децата и нивните професри се во добра здравствена состојба. Тие најпрвин биле примени во болницата во Гостивар, каде што се пожалиле на гушење и солзење во очите. Потоа биле префрлени на Токсикологија, каде што ќе останат во текот на ноќта. Телевизијата Алсат-М објави дека непознат сторител попладнево околу 15 часот фрлил отровен гас во просториите на средното економско училиште во Гостивар. Екипа на гостиварската полиција и претставници на локалната власт и вечерва се во кругот на училиштето и се работи на расветлување на настанот.  
Слично

Поврзани вести