Гостиварец осомничен за учество во „Исламска држава“ уапсен во Тирана
Mакедонскиот државјанин И.А.(46) од Гостивар баран со меѓународна потерница, осомничен за учество во „Исламска држава“ е уапсен во Тирана.
Потерницата била распишана пред една година, но тој нашол засолниште во Тирана. Уапсен е од припадниците на секторот за антитероризам, објави тиранската телевизија Ора њус.
Се наведува дека тој пред една година успеал да избегне апсење во Македонија и од тогаш најверојатно се крие во Тирана.
Неговата идентификација и апсење се реализирани врз основа на размената на информации на тајните служби на двете земји. Во истрагата биле вклучени и тајни служби на западните земји.
Предметот е доставен до Обвинителството на судот во Тирана и тој треба да ја реализира неговата екстрадиција.
Слично
