Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гости плаќале и до 1.000 евра за влез во потонатиот сплав, минувачи грабаа оставена облека

Гости плаќале и до 1.000 евра за влез во потонатиот сплав, минувачи грабаа оставена облека

Фото: Блиц

Пред сплавот во Белград кој вчера потона поради преполнетост за новогодишната прослава, доаѓаат синоќешни гости кои ги бараат јакните и бундите, чевлите и другото што ги имале, а меѓу нив има и многу странци кои станале без документи. Облеката припаѓа на граѓани, за кои српските медиуми објавија дека платиле и до 1.000 евра за да присуствуваат на забавата.

Меѓутоа, додека надвор стои куп облека, бидејќи е невозможно да се качат на сплавот со оглед на тоа што е половина во вода, почнаа да се собираат оние кои немаат врска со синоќешната прослава и земаа јакни и капути кои не се нивни, известуваат српските медиуми.

Малку подоцна дошла полиција која ги чуваше јакните на шеталиштето. 


Слично

Поврзани вести