Економија, финансии, бизнис

Контакт

Госпоѓа Варуфакис го заштитила сопругот од напад на анархисти

Госпоѓа Варуфакис го заштитила сопругот од напад на анархисти

Група на самонаречени анархисти го нападнала грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис во атинскиот ресторан вчера вечерта, но неговата сопруга со прегратка го заштитила од повреди, објави грчкото министерство за финансии.

Двојката само што завршила со вечера во боемскиот атински кварт Егзархија, место на чести протести од страна на радикални левичари, кога на терасата од ресторанот ги заобиколила група на анархисти. Варуфакис почнале да го гаѓаат со стаклени предмети, но сопругата го прегрнала и спасила.

„Се обидуваа неколку моменти да ме дофатат така што да не ја погодат неа“, изјавил Варуфакис. „Тогаш се повлекоа, но продолжија да пцујат и да ни се закануваат, и не пречекаа пред ресторанот“, додал тој.

Во соопштението на грчкото министерство за финансии не се наведува што го поттикнало нападот. Варуфакис мисли дека групата повеќе сакала да го засрами отколку да го повреди.

„Пред ресторанот почнав да разговарам со нив, им реков дека сакам да слушнам што имаат да ми кажат па дури и да ме ударат. После 15 минути напнатни, но ненасилни разговори духовите се смириле“, рекол Варуфакис, кој потоа со сопругата седнал на својот мотоцикл и си заминал дома.

Слично

Поврзани вести