Господине Иванов Вие немате храброст самостојно да донесувате одлуки!
Почитуван господине Ѓорѓе Иванов,
Одповикајте ја вашата одлука за аболиција и сопрете го крварењето на народот, земјата гори, економијата пропага, народот страда и пати а Вие упорно ги исполнувате желбите на фамилијата. Признајте ја грешката и кажете му на народот со што ве уценуваат братучедите. Постојат ли некои компромитирачки снимки за Вас или член од вашето семејство како што постојат и за многу судии и обвинители кои се уценувани од фамилијата па играат како што ќе им свират?
До колку не ја искористите оваа последна шанса, засекогаш ќе зажалите бидејки нема да имате можност грешката да ја исправите, ќе гледате само како луѓето крварат, како мајките плачат за своите деца а Вие и вашите најблиски нема да можете да спиете.
Господине Иванов неколку прашања за вашата и нашата судбина
- дали сакате да бидете виновник за новиот егзодус на македонскиот народ?
- дали сакате да Ве проколнуваат илјадници мајки за несреќната судбина на нивните деца?
- дали сакате да биде запишано вашето име на најмрачната страница од македонската историја?
- дали сте свесни дека со вашите потези го нарушивте мирот и спокојството на граѓаните?
Слично
