Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гошинце и 40 разбојници, Али Баба никаде го нема?

Гошинце и 40 разбојници, Али Баба никаде го нема?
Од потсмев до сериозност. Инцидентот во Гошинце, кој Министерството за внатрешни работи го пргласи за терористички напад на Македонија, предизвика лавина на реакции. На социјалната мрежа Фејсбук беше забележана длабока поделеност по партиски клуч, но не и по етнички. Познати јавни личности, поранешни и сегашни функционери, колумнисти, новинари и партиски активисти. Интегрално, “Фактор“ пренесува дел од стаусите објавени на ФБ профилите. Потсмев, гнев, омраза... Еден од поактивните на социјалните мрежи беше аналитичарот и професор Ѓорѓи Спасов, кој на свој фб профил напиша неколку статуси : “Клучниот проблем на држава во која граѓаните ја изгубиле довербата во институциите: Таа и кога ќе објави дека е нападната никој не и верува. Таа и кога ќе каже дека има епидемија никој не и верува.Таа веќе никого не може да заштити од ништо.Таа е овчарчето кое ќе го јаде волкот“, вели Спасов и додава: “Според соопштението на МВР терористите во Гошинце ја снимиле акцијата. И сега со снимките ќе го уценуваат Груевски да прифати формирање на техничка влада.“ Активистот за човекови права и аналитичар Џабир Дерала е уверен дека инцидентот треба да предизвика меѓуетнички конфликт со кој се се заокружи повеќегодишното кршење на човековите права:  “Политичката и економска реалност во Република Македонија неминовно го наметнува прашањето: Дали со предизвикување нов меѓуетнички конфликт, власта ќе го заокружи повеќегодишното грубо кршење на човековите права и слободи на сите заедници во земјата?“, напиша Дерала. Кире Наумов од СДСМ прашува каде е Али Баба, предводникот на 40 те разбојници: “Дека 40 биле во Липковско и не е некаква вест. Прашањето е каде бил Али Баба? Мухамед Зекири, главен и одговорен уредник на телевизијата Алсат прашува дали инцидентот сценарио на владеачките структури. “Почна сценариото на Груевски за дестабилизација или? Преземената контрола врз полициската станица Гошинце од вооружени лица“, напиша Зеќири и додаде: “Полицајците во Гошинце по три четири шамари добиле и си заминале... Овие вооружените ја примениле тактиката на Грујо изгледа“. Ивор Мицковски, колумнист и партиски активист на СДСМ напиша:   “ОБСЕ не продолжиле кон Гошинце оти немале блиндирани возила...па вие мора да се заебавате...“. На фб профилот зад кој стои Миленко Неделковски беше напишан следниов статус: “Значи: 1. Не убедуваа (западот,Фрчко, БЦ и сл.) дека со Охридскиот ќе се надминат СИТЕ кризи и недоразборања. 2. Бидејки дошле од Косово, а Косово е протекторат на армијата на САД, каде, како и кој ги вооружува овие идиоти? 3. Чекам реакција на: Ѓунер, Беџети, Муслиу, Зекири, Биљали, Хајдари, Зеколи и слични од ПЛЕМЕТО. Охридскиот рамковен договор мора да биде ИСКИНАТ и поништен.“ Професорот Иван Бабановски напиша : “Еј, пријатели, па ова ни мали Ѓокица, па дури на Ѓорѓе Иванов, не би поверувал. Ова е попросто од трите прасиња. Има ли Али Баба човек до него кој знае да смисли и раскаже виц без брада и мувла...Целиот случај е фингиран и за него нарачателот од врвот на владата платил 2.000.000 евра во кеш. Воедно ги предупредувам високите функционери во МО и во АРМ да не летаат со хеликоптерот на АРМ, кој единствено е во оперативна функција, бидејки не е сервисиран со месеци и не се знае кога“ Колумнистот и аналитичар Влатко Васиљ вели: “Денес на Македонија и се деси креиран, монтиран, сечен, лепен и прелепуван, кратен и менуван државен терористички напад.“ Дејан Гацов, поранешен функционер во Владата на Вмро-Дпмне и ДУИ го пренесува ставот на косовската полиција која ги отфли тврдењата дека напаѓачите на македонска територија дошле од Косово: “Косовската полиција ги отфрли тврдењата дека напаѓачите на македонската полиција на полициска станица во близина на границата потекнуваат од Косово. Вооружени маскирани лица нападнаа денеска далечна точка во близина на границата на косовската полиција, додека портпаролот на македонската полиција изјави дека напаѓачите се чини дека доаѓаат од Косово и зборуваат албански јазик. Портпаролот на косовската полиција Баки Келани изјави дека косовската полиција е информирана од страна на македонските власти за инцидентот. Келани вели дека косовските власти не забележале сомнителни активности во близина на границата со Македонија. "Можеме да потврдиме дека од страна на косовската полицијата не е забележан некаков елемент или движење на поединци или групи осомничени од страна на Република Косово во Македонија и обратно", изјави портпаролот Келани.
Слично

Поврзани вести