Гошев: Јавниот долг расте, нема простор за нови задолжувања!
Петар Гошев, поранешниот Гувернер на Народна Банка, во неделното интарвју за Радио Слободна Европа уште еднаш предупреди дека растот на јавниот долг се зголемува и задолжувањето од страна на држаните органи станува се понеодржливо.
„Во овој момент начинот на кој се задолжува Македонија, темпото со кое се задолжува, особено последните 2-3 години е неодржливо. Самиот јавен долг исто така како големина е манипулиран од страна на власта, не е целиот вистински реално искажан. На страницата на Министерството за финансии се искажува само долгот на централната влада, тоа е директното задолжување на буџетот на Република Македонија и на јавните републички фондови. Тоа не е целиот јавен долг. Долгот на општините, долгот на јавните претпријатија, долгот на македонска банка за поддршка на развојот, долгот на централната банка. Долгот и на централната власт не е реално искажан, заради тоа што таму го нема долгот што владата го прикрива овие 2-3 години, а се однесува на неизмирени, во рамките на законските рокови, обврски на владата кон приватни приватниот сектор по основ на договори што ги направила со приватниот сектор и по основ на законот за враќање на данокот на додадена вредност. Такво однесување имаа некои држави во последните децении и тие ја плаќаат денеска цената за тоа“, вели Гошев.
Според него, просторот за нови задолжувања е речиси исцрпен, а не е исклучена можноста земјава да се соочи грчкото сценарио, посочува тој во интервјуто.
Слично
