„ГОРНА“ ПРЕД „РЕПУБЛИКА“: Увертира во растечкиот притисок за решавање на името!
Иницијативи за решение или маска за ново пролонгирање на спорот за името. Дали во Скопје и Атина медијаторот Нимиц, веќе од почетокот на наредната година, ќе сака да ја тестира подготвеноста кај Самарас и Груевски за совладување на сопствените отпори за компромис? Како тие политички ќе менаџираат со расположението во сопствените средини откако патриотската реторика ја вградија во стратегијата за регионалната политика без компромиси за разлики?
Коинциденција или дипломатски пораки - во ист ден, во Њујорк нова рунда преговори за името, а во Брисел прв тет а тет разговор на Еврокомесар за добрососедство и преговори за проширување Јоханес Хан со шефот на македонската дипломатија. Пред новата трилатералата, во Њујорк беше и грчкиот премиер Самарас, но и македонскиот. Дали случајно во економското роуд шоу во САД Грувески го вклучи и Њујорк, а со него ги ”маскираше“ евентуланите дијалози со авторитетите на Стејт Департментот. Не е исклучено македонската Влада преговорите со Нимиц да ги искористи за дефокусирање од се поотежителните внатрешно-политички теми околу опозицискиот бојкот и пред се неповолниот медиумски одглас со “афертата Субрата“. Консултирани домашни аналитичари не исклучуваат создавање политичка отстапнина за некаква техничка Влада, со која ВМРО-ДПМНЕ би ги внеле и соцјалдемократите во поделбата на одговорноста за решенијата околу името.
Пред новата рунда разговори и по берлинскиот самит на Премиерите од регионот Канцеларката Меркел, во Скопје експресно испрати високи претставници на германската дипломатија, во дијалог со сите македонските партии.Неодамна шефот на германската дипломатија Штајнмаер изјави дека спорот околу името неможе да се реши во “наредните недели”, што значи стеснување на тајмингот за досегашните долги и пролонгирани преговори.
„Во Атина во моментов нема волја за дијалог. Токму затоа мислам дека на краток рок не би можеле да очекуваме некакво придвижување во однос на наметнатиот спор од јужниот сосед... Сега сме многу подалеку од решение за разлика од пред неколку години. Би сакал денес да сме во позиција во која би можел да кажам дека еве штотуку не сме го надминале овој спор, но реалност на терен ни налага да бидеме крајно внимателни, оцени Никола Попоски во неодамна реализираното интервју за Фактор.
На прашањето дали Македонија би прифатила име со географска одредница, под услов додавката да биде пред Република Македонија со гаранција дека нема да се чепка во уставот, идентитетот и јазикот на држвата, Министерот за надворешни работи оцени дека би било крајно несеризоно да шпекулира со какви било предлози. Па сепак американски медиумски промотори на истражувачко новинарство деновиве ја реобновија последната иницијатива на Нимиц со алтернативата на ФИРОМ со името Република Горна Македонија и решенијата околу именувањето на граѓаните и јазикот во меѓународната комуникација.
Универзитетскиот професор Тони Дескоски ,кој како експерт ги бранеше правните аргументи на Македонија пред Меѓународниот суд за правда во Хаг,ѓво интервју за Фактор уште на крајот на февруари, обелодени дека предлог што Нимиц го доставил до Владите во Скопје и Атина е – „ГОРНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“ за меѓународна комуникација.
„Предлогот „ГОРНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“, со употреба без ерга омнес, што значи дека нема потреба и од уставни промени, не го загрозува идентитескиот корпус на права на самоидентификација – кои сме, каков јазик говориме и го именуваме. Нема потреба да го отвораме прашањето за името на нашиот јазик, освен ако ние не знаеме какво е името на македонскиот јазик. Кога добивате предлог во кој државата се именува како Македонија, кое не го загрозува нејзиното име, транскрипцијата, ниту географски го ограничува, за што придавката „Горна“ стои пред „Република“, а не пред името Македонија, тогаш е сосема јасно дека идентитетот на македонскиот народ не е загрозен“ дециден беше Дескоски.
Повеќе театар отколку вистински дијалог , вака ја толку новата рунда разговори на Ист Ривер грчкиот аналитичар Јоргос Пападакис.
„Јасно е дека ниту Грција ниту Македонија не сакаат договор. Средбите се чиста козметика . Излез од ќор-сокакот ќе има во оној момент кога германската Канцеларка Ангела Меркел во една соба ќе ги седне еден спроти друг премиерите Груевски и Самарас и ќе им каже дека нема да излезат од просторијата се додека не кажат дека е постиган компромис. Се друго би било губење на време “ вели Пападакис.
Лицитирањето со новото име на држава и наводниот притисок врз премиерот Груевски да омекне во ставот за името се толкува и како обид и да се дефокусира јавноста по скандалот со индискиот бизнисмен Субрата Рој како и од политичката криза со бојкотот на опозицијата на Парламентот.
Универзитетскиот професор Сафер Тахир негледа амбиент дека прашањето на името ќе се реши во блиска иднина, затоа што нема ниедно помествање од позициите кои ги има ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Никола Груевски.
„Што се однесува до позициите на албанскиот политички блок, сметат дека тој е надвор од процесот, нема никакво влијание, и покрај обидите да игра активна улога во процесот и некако како да се прилагодува кон мислењето дека името е македонско прашање и на Албанците им одговара било кое решение, под услов тоа да не биде име кое ќе го одразува само идентитетот на македонскиот народ“, вели за Фактор универзитетскиот професор Сефер Тахири.
Според него, последната информацијата дека имало официјален предлог за решавање на името неслучајно е лансирана во моменти на нови регионални игри на светските сили на меѓународната сцена.
За Жидас Даскаловски секое одлагање на приемот на Македонија во НАТО дава мала но дополнителна роља на Руското влијание тука. Ризикот за САД и за ЕУ е драматичен пресврт во односите каде влијание може да има Москва, а Русија преку Србија се обидува да се врати на Балканот. Истовремено Путин го засилува притисокот кон членките на НАТО и ЕУ, пред се Бугарија, Словачка, Унгарија, Романија.Наместо опкружување на Русија, Москва, со нов продор во регионот би го вратила ударот и повторно би била неизбешна за разврските и на старите балкански спорови..
„Ако се земат предвид внатрешните состојби во Грција и Македонија, односно силината на СИРИЗА и проблемот на бојкот на СДСМ и сателитите на парламентот тешко веројатно е дека постои маневарски простор за двете владеачки коалиции за зделка која од гласачите не би била видена како победничка. Од друга страна не постојат наговестувања на ниво на Европа дека некаков нов пристап кон проширувањето и кон проблемот на името ќе се случи наскоро.
За очекување е дека Србија и Косово ќе бидат први на агендата, бидејќи се сметаат за поголем безбедносен ризик“, проценува унверзитетскиот професор Даскаловски .
Горазд Чомовски

Слично