ГОРИВАТА ВО МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО ПОСКАПУВААТ - еве по кои цени ќе се продаваат по полноќ
Горивата во Македонија со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад ќе поскапат.
Како што соопштуваат од РКЕ зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек е за 0,29 отсто во однос на последната одлука.
Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за 0,50 денари за литар. Малопродажната цена на Еуродизелто (Д-Е V) се зголемува за 1,00 денар за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,486 ден/кг и сега ќе изнесува 36,427 денари за килограмг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,613 проценти, кај дизелот за 2,881 отсто, кај екстра лесното масло има намалување за 0,251 проценти и кај мазутот има исто така намалување за 2,898 отсто.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,7827 отсто, посочуваат од РКЕ.
Од 11.11.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Еуросупер БС - 95 74,50 (денари/литар)
Еуросупер БС - 98 76,50 (денари/литар)
Еуродизел БС (Д-Е V) 72,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 36,427 (денари/килограм)
- Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 11.11.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени -се потенцира во објавата на РКЕ.
