Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГОРИВАТА СО НОВИ ЦЕНИ, Еуросупер БС 98 поскапува, дизелот поевтинува за половина денар

ГОРИВАТА СО НОВИ ЦЕНИ, Еуросупер БС 98 поскапува, дизелот поевтинува за половина денар

Цените на горивата ќе се намалат за 0,43 отсто, одлучи Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,57 проценти, кај дизелот намалувањето е во просек за 1,624 отсто, кај екстра лесното масло намалување во просек за 2,02 проценти и кај мазутот намалување во просек за околу 4,209 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 1,071 проценти.

Малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-95 не се менува. Малопродажните цени на Еуросупер БС-98 се зголемува за 0,50 денари за литар. Малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалуваат за 0,50 денари за литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,886 денари за килограм.

- Моторен бензин - Еуросупер БС - 95 - 89,00 (денари/литар)

- Моторен бензин - Еуросупер БС – 98 - 91,50 (денари/литар)

- Дизел гориво - Еуродизел БС (Д-Е V) - 103,00 (денари/литар)

- Масло за горење - Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 98,50 (денари/литар)

- Мазут М-1 НС - 51,034 (денари/килограм)

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 18.10.2022 година.

- Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени - истакнуваат од РКЕ.

Слично

Поврзани вести