Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГОРИВАТА ПОСКАПУВААТ, реглаторна одреди нови цени

ГОРИВАТА ПОСКАПУВААТ, реглаторна одреди нови цени

Регулаторната комисија за енергетика ги зголемува цени на нафтените деривати во просек за 1,68 отсто во однос на претходната одлука.

- Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 5,153 отсот, кај дизелот за 2,830 проценти, кај екстра лесното масло за 3,424 отсто и кај мазутот за 0,596 проценти. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,334 отсто - соопштуваат од РКЕ.

Малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-98, Дизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денар за литар, додека малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-95 се зголемува за 2,00 денари.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,062 денари за килограм и изнесува 40,655 денари.

Ова се максималните цени на нафтените деривати по кои ќе се наплатуваат од ноќеска по полноќ:

Моторен бензин Еуросупер БС - 95             79,00 (денари/литар)

Моторен бензин Еуросупер БС - 98             81,00 (денари/литар)

Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V)             81,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)      80,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                  40,655 (денари/килограм).

Слично

Поврзани вести