Економија, финансии, бизнис

Контакт

Горивата поскапуваат од денар до денар и половина - еве ја новата одлука на регулаторите

Горивата поскапуваат од денар до денар и половина - еве ја новата одлука на регулаторите

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,53 проценти.

„Охрабрувачката имунизација со вакцините против КОВИД 19 и ефектите од договорот на ОПЕК за ограничување на производството во следните месеци се клучните причини поради кои минатата недела берзанските цени на сите нафтени деривати се зголемија – и тоа е едниот фактор кој влијае директно врз денешната одлука. Вториот фактор е зголемувањето на курсот на денарот во однос на доларот. По двомесечен постојан пад, за прв пат се регистрира зголемување на курсот на денарот во однос на доларот и просекот на истиот  е за околу 0,845 отсто повисок од просекот на курсот по кој беа формирани цените со претходната пресметка.“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V)се зголемуваат за 1,00 денар/литар, додека малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денар/литар. 

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,172 ден/кг и ќе изнесува 30,823 ден/кг.

Од 19.1.2021годинаод 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС - 95        63,00(денари/литар)

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС -98         65,00  (денари/литар)

Дизел гориво  ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)       54,50 (денари/литар)

Масло за горење  Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)    54,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС  30,823 (денари/килограм)

Воизминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи бележат зголемување: бензинот за 5,708 отсто, дизелот за 4,285 отсто,екстра лесното масло 4,792 отсто и мазутот 4,588 отсто.

Во истиот период курсот на денарот во однос на долароте повисокза 0,845 отсто.

Од РКЕ потенцираат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 19.1.2021 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Слично

Поврзани вести