Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГОРИВАТА ПОСКАПУВААТ - бензините ќе се продаваат за денар и пол повеќе од претходно, еве колку ќе поскапи дизелот

ГОРИВАТА ПОСКАПУВААТ - бензините ќе се продаваат за денар и пол повеќе од претходно, еве колку ќе поскапи дизелот

Горивата од полноќ поскапуваат од пола до денар и пол. Дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за пола денар, а Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 за денар и пол. 

Според денешната одлука на Регулаторната комисија, од полноќ се зголемува и цената на мазутот за 0,337 денари за литар. 

Еве по кои цени ќе се продаваат горавата по полноќ:

- Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 81 денар за литар, 

- Еуросупер БС-98 по цена од 83 денари за литар, 

- Дизелот ќе биде 76 денари за литар, 

- Екстра лесното масло за домаќинство 75,5 денари за литар.  

Слично

Поврзани вести