Економија, финансии, бизнис

Контакт

Горивата поевтинуваат: Еве ги новите цени од утре – дизелот под 95 денари

Горивата поевтинуваат: Еве ги новите цени од утре – дизелот под 95 денари

Од ноќеска на полноќ граѓаните ќе плаќаат поевтини горива, откако Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за намалување на цените во просек за 2,13 проценти.

Бензините и дизелот поевтинуваат за 1,50 денар по литар, додека единствено екстра лесното масло за домаќинство поскапува за 0,50 денари.

Според новата одлука, од 21 април во 00:01 часот ќе важат следните максимални цени:

  • ЕУРОСУПЕР БС-95 – 80,50 денари
  • ЕУРОСУПЕР БС-98 – 82,50 денари
  • ЕУРОДИЗЕЛ – 94,00 денари
  • Екстра лесно масло – 97,00 денари

Цената на мазутот, пак, се намалува за речиси 3 денари по килограм и ќе изнесува 46,288 денари.

Намалувањето доаѓа по падот на цените на нафтените деривати на светските пазари, особено кај дизелот, кој бележи значителен пад од над 9 проценти.

Во пресметката, како што посочуваат од РКЕ, се вклучени и повластениот ДДВ од 10 проценти и намалените акцизи.

Иако станува збор за максимални цени, трговците можат да продаваат и по пониски цени, што остава простор за дополнителни намалувања на пазарот.


Слично

Поврзани вести