Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГОРИВАТА ПО ПОЛНОЌ ПОВТОРНО ПОСКАПУВААТ - бензините за еден денар, дизелот за половина

ГОРИВАТА ПО ПОЛНОЌ ПОВТОРНО ПОСКАПУВААТ - бензините за еден денар, дизелот за половина

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизелот се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). 

Со одлуката, како што посочуваат од РКЕ, се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,23 отсто.

Новата малопродажна цена на горивата по полноќ ќе изнесува:

- Еуросупер БС - 95 ќе чини 75,5 денари за литар, 

- Еуросупер БС - 98 ќе се продава за 77,5 денари за литар, 

- Еуродизел БС (Д-Е V) за 72,5 денари за литар. 

Малопродажната цена, пак, на Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) не се менува и останува 69,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,806 денари за килограм се намалува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 35,621 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 3,628 отсто и кај дизелот за 1,766 проценти, додека кај екстра лесното масло има намалување за 0,022, а кај мазутот за 2,563 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во  по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,5545 отсто.

Слично

Поврзани вести