Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГОРИВАТА МАЛКУ ЌЕ НЕ ОЛАБАВАТ - бензините поевтинуваат за денар, дизелот за денар и половина

ГОРИВАТА МАЛКУ ЌЕ НЕ ОЛАБАВАТ - бензините поевтинуваат за денар, дизелот за денар и половина

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши намалувањена малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,89 отсто. 

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,050%,кај дизелот за 1,596%, кај екстра лесното масло за 1,569%  и кај мазутот зголемување за 1,311%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98се намалуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,374 ден/кг и ќе изнесува 52,840 ден/кг.

Од26.7.2022 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС - 95    95,50 (денари/литар)

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС -98    98,00 (денари/литар)

Дизел гориво  ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)      96,00(денари/литар)

Масло за горење  Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)    94,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС    52,840(денари/килограм)

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизокза 0,383%.

Слично

Поврзани вести