Горивата денес со нова цена: Ќе има ли ново поскапување
Точно напладне РКЕ ќе ја соопшти новата цена на горивата, која ќе важи во следните седум дена.
Дали ќе има ново поскапување е неизвесно.
Минатата недела нафтените деривати забележаа скок во цените.
За 0,5 денари поскапеа бензините додека дизелот за 1 денар по литар.
Тоа значи дека оние кои возат возила на ЕУРОСУПЕР БС - 95 ќе полнат резервоари за 71,00 (денари/литар) а ЕУРОСУПЕР БС -98 ќе чини 73,00 (денари/литар).
Дизелашите плаќаат 62,50 (денари/литар) се до полноќ кога на сила ќе стапи новиот ценовник.
Слично
