ГОРИ ПОВТОРНО ВО ГРЦИЈА: Цело село е евакуирано
Нов пожар беснее во Грција.
Село во западниот дел на грчкиот полуостров Пелопонез е евакуирано откако во близина избувна шумски пожар, кој почна да се приближува до семејните куќи, објави „Катимерини“.
Деведесет пожарникари, со 30 противпожарни возила се борат со пожарот во Дафниотиса, во близина на градот Амалијада, потпомогнати од три противпожарни авиони и еден хеликоптер.
Ова лето Грција се бореше со страотни пожари кои однесоа многу човечки животи.
Слично
