Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГОРИ ПОДГОРИЦА, ЖЕСТОК СУДИР МЕЃУ ДЕМОНСТРАНТИТЕ И ПОЛИЦИЈАТА: Солзавец, камења и фантомки пред собрание во Црна Гора

ГОРИ ПОДГОРИЦА, ЖЕСТОК СУДИР МЕЃУ ДЕМОНСТРАНТИТЕ И ПОЛИЦИЈАТА: Солзавец, камења и фантомки пред собрание во Црна Гора

Собранието на Црна Гора го донесе Законот за претседател и веднаш предизвика жестока реакција кај незадоволните, што доведе до судир со полицијата.

Како што пренесува „Вијести“, голем број млади момчиња дошле од правец на познатиот „Кралски парк“ и ја нападнале полицијата која возвратила со солзавец. Напаѓачите имале фантомки на главите и со пепер спреј ја нападнале полицијата. Ја урнале и оградата пред Собранието.

За демонстрантите измените на Законот за претседател имаат за цел уривање на уставниот поредок, што велат нема да го дозволат. Искршено е стаклото на собраниската врата, а во ходникот се пронајдени камења.



Слично

Поврзани вести