Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГОРИ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Евакуирани се 20 села

ГОРИ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Евакуирани се 20 села

Гори и на грчкиот полуостров Пелопонез. Евакуирани се луѓето од 20 села, затоа што истоштените пожарникари деветти ден по ред се борат со пожарите низ цела Грција.

Околу 580 грчки пожарникари, помогнати од колегите од Франција, Велика Британија, Германија и Чешка, се борат со пожарот во Гортинија. Пожарите избиле за време на најлошиот топлотен бран во Грција во последните три децении. Пожарот се простира на над десет километри, јави дописничката на МИА од Атина. Во акција   се вклучи и авионот иљушин со капацитет од 42 тони вода што Русија вчера го испрати по барањето од Атина за помош. Грчкиот државен  обвинител нареди истрага за да се утврди дали пожарите кои избија речиси истовременени низ целата земја  се организирано подметнати. Претходно главно жариште беше Евија. 

Слично

Поврзани вести