ГОРИ БРАЧ И ОСТРОВ ПОКРАЈ ЗАДАР: Хрватска истовремено се бори со пожари и поплави, разорно во целата земја
Пожарот на хрватскиот остров Брач сè уште не е под контрола
-Пожарите што избувнаа на југот на островот Брач по синоќешните удари од грмотевици се уште не се ставени под контрола, а утрово во гаснењето се вклучија и два канадера, изјави командантот на Противпожарната оперативна зона Драган Мартиниќ.
Во текот на ноќта пожарот се проширил, а повеќе од 50 пожарникари не успеале да го стават под контрола.
Мартиниќ рече дека досега се изгорени околу 130 хектари борова шума и трева и дека најголем проблем е недостапниот терен, што им отежнува на пожарникарите да го гасат пожарот.
Тој изрази уверување дека со помош на канадерите пожарот ќе биде ставен под контрола во текот на денот. Синоќа избувна пожар и на островот Лавдара во архипелагот кај Задар, а околу 50 лица беа евакуирани.
Истовремено, пак во бродско-посавската жупанија во Хрватска беснеат поплави каде што противпожарните екипи работат на извлекување на водата од домовите и зградите.
