Ѓорѓиев: Во поканата за јавната дебата не се ограничува присуството на студентите
Никаде во понудата за јавна дебата не беше наведено дека се ограничува присуството на студентите. Доколку Интеруниверзитетската конференција цени дека е потребно тогаш тие слободно можат да вклучат членови на студентите во својата делегација и ние ги охрабруваме тоа да го направат.
Ова денеска на прес – конференција го истакна владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев одговарајќи на новинарско прашање.
„Од самиот формат кој беше предложен за средбата, може да се види дека никаде не постои забрана за присуство на студенти на истата, и доколку Интеруниверзитетската конференција цени дека е потребно тогаш тие слободно можат да вклучат членови на студентите во својата делегација и ние ги охрабруваме тоа да го направат и да вклучат и студенти кои не се согласуваат со реформите и студенти кои дадоа поддршка на истите“, истакна владиниот портпарол.
Слично
