Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ѓорѓиев: Средбата на премиерот со лекарите зависи од владината седница

Ѓорѓиев: Средбата на премиерот со лекарите зависи од владината седница
Во врска со информациите во некои медиуми за најавена средба на премиерот Никола Груевски со лекарите кои штрајкуваат, наводно закажана за вечерва во 20 часот во Владата, владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, во изјава за МИА вели дека начелно постои план за средба со лекарите во текот на денот, но финалната потврда е во зависност од одвивањето на владината седница.

- Во тек е владина седница која ја води премиерот Никола Груевски и на која се предвидени повеќе точки од значење за граѓаните и европските интеграции, кои се актуелни. Може да кажеме дека начелно постои план за средба со лекарите во текот на денот, но финалната потврда би ја дале во зависност од одвивањето на владината седница. Кога ќе има конкретна потврда медиумите и јавноста, како и секогаш, ќе бидат веднаш информирани, изјави Ѓорѓиев.

Премиерот Груевски викендов најави дека ќе ги прими докторите на средба доколку има за што да преговараат. - Доколку има какви било  проблеми со бодувањата подготвени сме да разговараме за тоа, меѓутоа што се однесува до опстојувањето на овој систем, односно до барањето тој да се поништи, не сме подготвени да разговараме за такво нешто затоа што ова е проект што долго го подготвувавме и го ветивме во нашата програма пред граѓаните, истакна Груевски.

Слично

Поврзани вести