ИНТЕРВЈУ ФИЛИПОВ: Не е препорачливо да се игнорираат пораките на Рот, тоа се пораки на Германија!
Поранешниот македонски амбасадор на Македонија во Германија Ѓорѓи Филипов оценува дека изнесените ставови на државниот министер во германското министерство за надворешни работи Михаел Рор треба да се разберат многу сериозно.
Загриженоста на официјален Берлин за лошата состојба во Македонија дојдоа во последен момент, како поттик кон сите инволвирани страни да направат максимални напори за спроведување на договореното во Пржино , вели екс амбасадор Филипов.
Според него, Германија сака мир, слободен проток на стоки идеи и луѓе, ја сака Европа обединета, зашто гледа со децении нанапред. Развојот на политичките и економско-технолошките промени во светот ќе изискуваат групирања во кои изолирани мали економии нема да имаат големи шанси за опстанок. Доаѓањето на Рот значи не само дека германската канцеларка Ангела Меркел не заборавила, туку потенцира дека е постојано активна, оценува македонскиот дипломат Ѓорѓи Филипов.
Горазд Чомовски
Фактор: Како ги оценувате пораките на државниот министер во германското министерство за надворешни работи Михаел Рот кој во Скопје констатираше дека политичката криза во земјава е многу сериозна, имаше забелешки за бавното спроведување на Договорот од Пржино, а клучот за решението на кризата го лоцираше во Скопје, а не во Брисел?
Филипов : Пораките , за кои зборувате се праќаат од највисоко ниво. Сметам дека пораките се дојдени во последен момент, како поттик на сите инволвирани страни да ги засилат напорите за реализација на договорените точки од Договорот и да обезбедат услови за фер и демократски избори. Рот не зборуваше за последиците доколку задачата не биде извршена, но за познавач на приликите се многу јасни и многу строги и не е препорачливо да не се земат предвид. На секој реален аналитичар му е јасно дека решението е во актерите на македонската политичка сцена. Во Брисел лежи заканата, доколку Скоје не го најде решението.
Фактор: Дали изнесените ставови на германскиот држажавен министер во кои тој констатИраше дека партиСките лидери не ја сфаќаат сериозно ситуација во која се наоѓа Македонија укажува дека канцеларката Меркел активно е вклучена во разрешување на кризата?
[caption id="attachment_148129" align="alignright" width="438"]
Филипов и Меркел[/caption]
Филипов: Канцеларката Ангела Меркел во моментот има и други задачи од внатрешно и надворешно политички карактер. Се обидува на целата состојба да гледа од хуман аспект и внесе во светската политика нови погледи, да и даде човечки не само финансиски и политики карактер. Со одржување на Берлинската средба таа јасно стави до знаење дека нема да биде нереферентна во смисла на она што се случува на Заппадн Балкан. Праќањето на Рот во Скопје само потврдува дека Берлин не заборава што ветила. Тоа не е само од алтруистички побуди туку и од следење на интересите на Германија. Германија сака мир, слободен проток на стоки идеи и луѓе, ја сака Европа обединета, зашто гледа со децении нанапред. Развојот на политичките и економско-технолошките промени во светот ќе изискуваат групирања во кои изолирани мали економии нема да имаат големи шанси за опстанок. Доаѓањето на Рот значи не само дека Меркел не заборавила, туку потенцира дека е постојано активна.
Фактор: Демохристијанската партија предводена од Ангела Меркел важеше за една од најголемите поддржувачи на политиките на екс премиерот Никола Груевски. Како треба да се толкува изјавата на Рот во која тој за лошата состојбата во која се наоѓа во Македонија прстот прв го впери во Владата, а неодамна германската амбасадорка во Скопје по објавувањето на т.н бомби оцени дека Груевски треба да си поднесе оставка ?
Филипов: На државно ниво таа не прави разлика кој е на власт во одредена држава. Се стреми да развива добри односи во интерес на Германија. Значи еднаква поддршка и даваше и на социјал-демократската опција, како и на народната опција.
За Германија е позначаен развојот на Македонија на економски и на демократски план и обезбедување мир и европски стандарди на секоја педа европски простор. Оттаму и острите коментари на амбасадорката која го пренесувала официјалниот став на администрацијата со која раководи Ангела Меркел.

Слично