Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Горење“ во плус три милиони евра

„Горење“ во плус три милиони евра

Словенечкиот произведувач на апарати за домаќинство „Горење“ од Велење, вчера објави дека во првата половина на оваа година остварил 3,1 милион евра добивка, што е многу подобро отколку минатата година кога во првите шест месеци имаше 7,8 милиони евра загуба.

Профитот пред одземањето на каматата, данок на добивка и амортизација (EBITDA - Earnings Before Interest, Taxes, Depreciation and Amortization) на годишно ниво е зголемен за 17,2 одсто, на 43,1 милион евра.

Добриот резултат во „Горење“ го објаснуваат со успешно реконструирање и подобра продажба, пренесуваат медиумите во регионот.

Приходите од продажбата во првите шест месеци оваа година изнесуваа 600,7 милиони евра, што е на годишно ниво раст за 1,8 одтсо.

Од „Горење“ истакнуваат дека најголем раст на приходите оствариле во Германија, Русија, Бугарија, Романија, Велика Британија, Северна Америка и Чешка и Словачка.

Од словенечката компанија напоменуваат дека поради значајниот руски и украински пазар за соработка групата „Горење“ внимателно го следат развојот на настани на тие пазари.

Слично

Поврзани вести