„Горење“: 1,2 милиони евра чиста добивка во 2014
Групацијата „Горење“ во минатата година остварила приход од 1,24 милијарди евра и чиста добивка од 1,2 милиони евра, според неевидентираните податоци кои словенскиот произведувач на домаќински апарати ги објави денеска.
Приходите се зголемени за 0,4 посто во однос на 2013 година, а остварените минатогодишни резултати во компанијата се оценуваат како добри, со оглед на тоа дека „Горење“ во 2013 имаше 25 милиони евра загуби.
И минатата година на „Горење“ силно влијаеле приликите во Русија и Украина, на пазарите на кои многу извезува.
„Горење“ лани во однос на минатата година ја зголеми добивката од соработката со ЕБИТ речиси за петина, на 43,5 милиони евра, и ја зголемило финансиската стабилност бидејќи долгот на компанијата е намален за 27 милиони евра и сега изнесува 331,8 милиони евра, наведува „Горење“ во соопштението за јавноста.
Слично
