Писмо од вработените: Горди сме што сме дел од тимот на Стопанската комора на Северна Македонија
Огромно е нашето задоволство што работиме во институција која ја води претседателот Бранко Азески, човек кој ги поседува најголемите вредности - човечност, визионерство, лидерство и хуманизам.
Во името на сите вработени во Стопанската комора на Северна Македонија, сакаме јавно да Ви искажеме искрена благодарност за вашата грижливост ина укажаната можност што покрај бизнис - заедницата овозможивте да се вакцинираат и вработените во Комората и обезбедивте нивна максимална заштита во услови на глобална пандемија од вирусот КОВИД 19.
Со оваа акција покажавте дека се движиме во правилна насока, со што ни влевате надеж дека ќе биде надмината и оваа здравствена криза, а Комората со својот тим кој е горд на вашите иницијативи и реализирани активности ќе остане вистински партнер на бизнисот и лидер во коморското организирање.
Од вработените во Стопанската комора
на Северна Македонија
