Гордана Јанкуловска веќе неколку дена била во Италија
Судот потврди дека дел од осомничените за изборни нерегуларности не се во Македонија. Нивните бранители поднеле како доказ авионски карти, со што го оправдале нивното недоаѓање во судот.
Освен Јанкуловска и генереалниот секретар на Владата Божиновски бил надвор од земјата.
Партиски извори од ВМРО ДПМНЕ за Фактор брифираат дека Јанкуловска уште пред неколку дена била замината во Италија. Сите останати информации поврзани со нејзиното отсуство се шпекулација, велат истите извори.
Сепак, нашите извори не ја знаат точната причина за посетата на поранешната министерка на Италија, која коинцидира токму со времето кога специјалниот обвинител поднесе обвинение против неа проследено со барање за притвор.
Судот, сепак го одби барањето за притвор за сите 8 осомничени за кои тоа беше побарано.
Адвокатите на Јанкуловска најавиле дека таа ќе се јави во судот од понеделник.
Слично
