Гордана Јанкуловска стана доктор на науки
Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска се здоби со титула доктор на науки со докторска дисертација на тема „Современи методи на сузбивање на транснационалниот економско финансиски криминал“.
Ексминистерката на нејзиниот Фејсбук профил ја објави фотографијата и рече дека успешно ја одбранила својата теза на Факултетот за безбедност во Скопје.
Јанкуловска во мај си поднесе оставка од функцијата министер за внатрешни работи по силниот притисок на меѓународната заедница, особено по полициската акција во Куманово, во која загинаа 8 полицајци.
Таа минатата недела беше повикана да сведочи пред Анкетната комисија за прислушуваните разговори, но не се појави.
Слично


