Гордан Георгиев: За разлика од Грција, Македонија има сиромашни граѓани, а богата држава!
За разлика од Грција, Македонија има сиромашни граѓани, а богата држава. Не е точно дека само ДПМНЕ ги зголемува пензиите, ако видиме каква е потрошувачката кошница за 2012 ќе видите дека реалноста или реалната куповна моќ е многу помала од пред 5, 6, 10, 15 години“, изјави пратеникот на СДСМ, Гордан Георгиев.
„Прифатете го планот за штедење и за 2 дена ќе го донесеме буџетот. Коце Трајановски не е татко на градот, Скопјаните не го доживуваат така, со негов амин се обезличи Скопје, ви тврдам дека има илјадници граѓани, лично што сум разговарал велат дека не поминуваат низ центар затоа што неможат да го гледаат тој кич“, додаде тој пред пратениците во Собранието.
Слично
