Горчливиот вкус на Брегзит за лондонските храна и вино
Малите увозници на производи од ЕУ се соочуваат со огромни предизвици и непозната иднина за бизнис.
Увозот на храна од Шпанија беше добра можност за трговија на лондонската фирма Brindisa, но како и многу други компании за храна и вино, кои се потпираат на слободното движење на стоки и работници во рамките на Европската унија (ЕУ), работењето е погодено од одлуката на Велика Британија да ја напушти Унијата, пишува Ројтерс.
Создадена пред 28 години Brindisa сега има 300 вработени во пет лондонски ресторани, две продавници и еден магацин. Таа е дел од сектор, кој опфаќа повеќе од 27 500 компании во Лондон, генерира 14 милијарди фунти (17 милијарди долари) годишен обрт. Храната и виното се едни од живите сектори во областа на услугите, но се и меѓу повеќето изложени на ризик од последиците од Брегзит.
Намалувањето на вредноста на фунтата во однос на еврото по референдумот доведе до скок на цените на сирењата, шунката и други производи кои Bridisa ги увезува од цела Шпанија.
Компанијата увезува од ЕУ - Франција, Италија и Шпанија, како и од Чиле, Јужна Африка и Австралија.
