Горат српски знамиња во Тирана, демонстранти излегоа на улиците
Протести против иницијативата „Отворен Балкан“ се одржуваат во албанскиот главен град Тирана, каде се палат српски знамиња.
На протести повика Демократска партија на Љуљзим Баша. Протестот се организира во пресрет на доаѓањето на македонскиот премиер Зоран Заев, како и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на состанокот за „Отворен Балкан“.
Екс албанскиот претседател Сали Бериша пред неколку дена преку социјалните мрежи ги повика Албанците да дојдат на протестот. За него „Отворен Балкан“ е антиалбанско сценарио. Тој му порача на Вучиќ да не доаѓа во Тирана, затоа што ќе имало реки народ по улиците.
„Отворен Балкан“ има за цел да го подобри животот на граѓаните во трите земји, да го оленси движењето на работниците, стоките и слично. И другите земји од регионот беа поканети да се приклучат, но тоа не се случи. Најголем противник на оваа иницијатива беше Косово.
фото Принт скрин Твитер
