ГОРАСТ ЦВЕТКОВСКИ: Молчевме за хонорарите на „До балчак“ чекајќи нешто да се смени до премиерата!
Актерот Гораст Цветковски во мини интервју за Фактор раскажува за своите искуства во „До балчак“, за битолскиот Манаки, македонската кинематографија. Вели дека досега не зборувал за хонорарите за снимениот филм затоа што очекувале дека тој проблем ќе се реши до премиерата на филмот.
Фактор: На овогодинешниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ гостите продефилираа на црвениот тепих, но проекцијата на филмот „Облаците на Силс Марија“ во кој главната улога ја игра актерката од светски ранг Жулиет Бинош протече во полупразна сала. Дали сме заложници на македонско провинциска помодарска култура на црвениот тепих да не видат, наместо да гледаме?
Гораст Цветковски:Не мора да значи дека ако Жулиет Бинош игра, филмот треба да е добар и да е гледан/посетен. Ова е индивидуално дали некој ја знае неа па затоа доаѓа на филм, или го знае филмот и доаѓа затоа што му се допаѓа. Тоа што била празна салата, може да е до организацијата, а поголема веројатност е затоа што обично на премиери и гала вечери картите се даваат како покани па кој дошол, кој бил на слава...
Фактор: Како ја толкувате реакцијата на режисерот Столе Попов кој ги омаловажуваше новинарите, како и неговата констатацијта дека фестивалот наликувал на селска манифестација?
Гораст Цветковски: Повторно лична работа. Сигурно си имал човекот причина зошто го направил тоа. Јас не го коментирам.
Фактор: Актерите не се уметници, ако нивната креакција се третира како мануелен труд. Колку „До Балчак“ е синоним за продукцискиот аматеризам во филмот?
Гораст Цветковски “До Балчак„ го правеа професионалци!
Фактор: Зошто досега молчевте околу неисплатените хонорари за филмот „До балчак“ туку реагиравте ден пред премиерата?
Гораст Цветковски: Затоа што мислев (зборувам за мене, за колегите не знам) дека нешто сепак ќе се смени до премиерата.
Фактор: Каде оди македонската кинoмaтографија и по бројот нa снимените филмови и по привлечност на филсмките сценарија?
Гораст Цветковски: Не сум визионер за да одговорам на ова прашање. Сигурен сум дека како и јас, сите имаат убави и бајати искуства во оваа бранша. Една ластовица не прави пролет.
Фактор: Зошто нема домашна продукција на играна серија и до кога вие актерите ќе бидете репродуктивци чија улога се сведува на синхронизација на турски серии?
Гораст Цветковски: Синхронизацијата не е лоша професија. Напротив, тоа е добро платено и релативно лесно. Можеби проблемот е што се дава толкав акцент само на тоа. Да купиш серија е поевтино и полесно отколку да продуцираш... или можеби сум јанл`ж?
Фактор: Зошто фејсбук речникот станува критички и естетски суд, во постфестум изјавите на довчерашните соработници Манчевски и Михајловски?
Гораст Цветковски: Фејсбук е голем дел од животот на многу луѓе, затоа е и толку јак медиум. Доколку голубарство беше толку популарно како ФБ, сигурен сум дека ќе се допишувавме и судевме по таклабаси и поштари.
Горазд Чомовски

Слично