ГОРАН ВЕЛИЧКОВСКИ „ЗЕВЗЕКМАНИЈА“: Година на гаќите!
Авторот на Зевзекманија во своја оценка за Фактор дава видување на годината што измина. Призорот што ни го оставија, вели Величковски, не е баш многу пријатен, ама циркузот е голем, а ќе биде уште поголем.
Оваа 2015 година беше една од најфеноменалните во историјата на Македонија. “Бомбите“ ги соголеа едните, а малку потоа и другите, па го видовме на отворена сцена тој ментален политички дисбаланс за кој само претпоставувавме. Од Вицето до “течење низ гаќи“, од Гоца до Фабричиња за лични карти, ма луѓе мои ваква пародија нема ниту во една чоколадна бајка на светот.
Блажено е да се живее во Македонија, секој ден има по нешто ново, уникатно, запрепастувачки. Можеби е досадно да се будиш во Англија, Шпанија, Белгија, но во нашава Македонија е жално да се умре, гарант утре те чека нешто што на ниту еден сценарист или режисер не ќе му падне на памет.
И ако Кинезите си имаат своја година на Змејот или Мајмунот, ние овде си ја преживеавме Годината на Гаќите. Едноставно, и едните, и другите и третите си ги спуштија гаќите и останаа со голи газови. Призорот не е баш многу пријатен, ама циркузот е голем, а ќе биде уште поголем. Среќна 2016!
Слично
