ГОРАН ТРПЕНОСКИ: Странците нема да дозволат саботажа на договорот од Пржино!
Прашавме дел од македонските новинари што очекуваат во наредниот период во однос на политичката криза и начините за справување со неа. Како и се во општеството и ставовите меѓу јавните личчности се поларизирани, но секако оригинални. Фактор не секогаш се согласува со мислењата објавени на отворените страници, но правиме се тие да бидат што подостапни за македонската јавност.
Горан Трпеноски, новинар
За жал се зависи од специајлниот обвинител. Очекувањата се големи, дека од неговата работа ќе зависи дали ќе не бива како држава. Судскиот систем падна на испитот. Последната одлука на Кривичниот суд во Скопје со која се издвоија списите од прислушувањето , иако законска, покажа дека мора да има коренита реформа на судството.
Толку се нема храброст нормалните обвинители да постапат по Закон, да мора да се формира специјален обвинител? Што му е работа на Државниот обвинител Марко Зврлевски? Постои тој? Мора нормалното обвинителството да се крие за специјален?
Во нормална држава не ти треба специјален, си има обвинителство кое работи по Закон. Мислам дека веќе не зависи од партиите дали ќе се почитува договорот од Пржино. Последните јасни и дикректни изјави на САД, ЕУ, Германија, и Велика Британија покажаа дека на меѓународната заедница и е преку глава од опструкциите, посебно од власта оти тие се дебело замешани во бомбите. Мислам дека странците имаат сериозна намера да не направат да бидеме нормална држава, оти само Босна и ние на Блаканот сме уште темпирани бомби кои можат да го дестабилизираат регионот.
Проблемот на бегалците, случувањата со Исламската држава, борбите на блискиот исток се главен таргет на Европа.
Се плашам дека ако има саботажа на Договорот од Пржино, како излез од кризата може да има не само социајлни немири, туку и дестабилизација на државата.
Слично
