Горан Груевски ќе даде исказ во Кривичниот суд
Првоосомничениот во случајот „Тврдина“ Горан Груевски, началникот на Петтата управа, во 13 часот ќе се појави во Кривичниот суд.
Таму Груевски ќе даде исказ. Судија на претходна постапка не се согласува со барањето на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, доставено за издавање наредба за претрес во дом на осомничениот Горан Груевски, со што предметот се доставува на натамошно постапување пред Кривичен совет при овој суд, информираше денеска Основниот суд Скопје 1.
СЈО претходно доставило барање до судијата во претходна постапка, да се даде налог за претрес во домот на Груевски за да се обезбедат докази.
Судија го одбил барањето, а СЈО потоа побарало лишување на Груевски од слобода, затоа што сметаат дека постојат основи за определување притвор.
СЈО денеска најави отварање на нов предмет „Тврдина“, кој се однесува на заштита на приватноста со нелегално прислушување.
